Гените се чудо: Една понова фотографија и докажа на Тамара Тодевска на кого неодоливо личи малата Хана (фото)

27 мај, 2021
tamara

 Во месец април 2016 година, поп пејачката Тамара Тодевска и нејзиниот сопруг Александар Димитровски за првпат се остварија во улогата на родители и ја добија ќерката Хана.

Малата наследничка денес е потпораснато девојченце кое има и братче, доста е темпераментна, сака да се снима пред камера, а особено да танцува.

Мама Тамара пред неколку месеци дури и отвори профил на Инстаграм на Хана каде може да се поглднат сите нејзини детски игри и палавости.

Хана веќе има пет години, а како што расте се повеќе се оформува и нејзината физиономија, па Тамара веќе добива јасна слика на кого личи Хана и од кого повлекле гените.

Пејачката сподели фотографија на која се заедно баба Брана и вниката Хана, насмеани од уво до уво, а од приложеното може да се забележи дека Хана навистина наликува на баба си.

Гените се вистинско чудо, Тамара и Тијана музичкиот талент го наследија од обата родители, а дали и во тоа ќе повлечат Хана или Дарен останува времето да покаже.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi