Гета не ја симна насмевката од лицето откако е во врска со 24 години помладата девојка заради која ја остави сопругата

27 мај, 2021
гета 24 помлада девојка

Францускиот диџеј Давид Гета (53) беше фотографиран со својата убава девојка Џесика Ледон (29) на плажа во Мајами Бич, а сите со воодушевување погледнаа во телото на младата актерка.

Имено, диџејот, кој неколкупати беше прогласуван за најдобар ја „улови“ преубавата продуцентка и актерка од Лос Анџелес, а сите коментираат дека е нереално згодна и има бујни облини.

Двајцата ги покажаа своите стомачни мускули, а Дејвид доби и комплименти за неговиот изглед, со оглед на тоа што на 53-годишна возраст.

Во оваа прилика Гета носеше црвени шорцеви, додека Џесика доминираше во жолто минијатурно бикини.

Таа го истакна својот буен задник во преден план, но луѓето на плажа не можеа да одлучат каде прво ќе ја погледнат, со оглед на тоа што има многу подигнати гради, совршено рамен стомак, како и долги затегнати нозе.

Актерката ја крена косата во пунџа, а парот цело време се бакнуваше и прегрнуваше на плажа, а може да се види дека по толку многу години тие се уште се многу заљубени.

Да потсетиме, славниот диџеј беше во брак со Кети Гето (54) од 1992 до 2014 година, со која има две деца, синот Тим ​​(17) и ќерката Енџи (13) и од која се разведе пред 7 години.