ГИ ФАТИЛЕ ПАПАРАЦИ ВО ФРАНЦИЈА: Ирина Шајк и Канје Вест се заедно

10 јуни, 2021
rs_1024x759-210609070601-1024-Kanye-West-Irina-Shayk

Манекенката Ирина Шајк и раперот Канје Вест се заедно, објави Дејли Меил со ексклузивни фотографии од парот на романтично патување во Франција. Поранешниот сопруг на Ким Кардашијан и поранешната сопруга на Бредли Купер отидоа на пат за да го одбележат неговиот 44-ти роденден, а на фотографиите јасно се гледа како тие поминуваат време заедно на романтична прошетка низ Прованса.

Irina Shayk

Фотографиите всушност се само потврда на шпекулациите во медиумите дека Шајк и Вест се заедно. Двајцата се познаваат повеќе од една деценија, а Ирина во неговиот спот за песната ‘Power’ глумеше ангел. Гласините за нова врска на светската сцена започнаа на крајот на минатиот месец, а сега пристигна потврда дека станува збор за романтична врска.

Патем, тие отпатуваа за Франција, која е омилена дестинација на сопственикот на модниот бренд Yeezy. Раперот исто така одеше таму често со неговата поранешна сопруга Ким која поднесе барање за развод на почетокот на оваа година. Ирина од врската со Бредли Купер има четиригодишна ќерка Леа Де Сејн, додека Вест од бракот со Кардашијан има седумгодишна ќерка Норт, петгодишен син Сент, тригодишниот Чикаго и двегодишниот Псалм.

escort - Korsan taksi