Ги покажа тетоважите: Бред Пит ужива на одмор во друштво на басистот од групата „Red Hot Chili Peppers“

5 јануари, 2021
1382356

Прославениот актер Бред Пит отпатува на Островите Турк и Каикос со музичарот и пријател, басистот Мајкл за да ги наполни батериите

Фоторепортерите така фатија бројни тетоважи на грбот на 57-годишната холивудска sвезда Бред Пит додека нуркаше со 58-годишниот Мајкл Питер Балзари, басист на „ Red Hot Chili Peppers“, околу одморалиштето Аманјара на еден од островите Турк и Каикос.

Актерот и музичарот уживаа во еден убав ден на Карибите кога ги најдоа папараците.

Меѓу тетоважите се иницијалите на сите членови на семејството на Пит, серија реченици измислени од Анџелина Џоли, сега веќе поранешна сопруга, како и роденденот на актерката, како и латинскиот збор invictus што значи „непобедлив“.

Екипажот на бродот на кој биле пријателите ги забележале папараците по нуркањето, па набрзина го вклучиле моторот и го напуштиле заливот.

Полскиот модел Никол Потуралски не е со нив. Згора на тоа, двојката не е видена заедно од август минатата година, а оние што ги познаваат тврдат дека не станува збор за врска, туку само за неколку состаноци.

escort - Korsan taksi