Ги запали социјалните мрежи: Лејди Гага „РАСТУРИ“, а за нејзиниот настап ќе се зборува со години!

20 јануари, 2021
1391808 (1)

Само неколку музичари добиваат можност претседателот да ги избере за да ја изведат националната химна на нивната инаугурација. На заклетвата на 46-от американски претседател Џо Бајден, оваа чест и припадна на Лејди Гага, која ги исполни сите очекувања пред насобраните во Капитол, но и милиони луѓе низ целата земја и Светот кои присуствуваа на инаугурацијата, излезе во свој стил.

„Пеењето на нашата национална химна за американскиот народ е огромна чест за мене. Ќе пеам за време на церемонијата, во моментот на транзиција. За мене, тоа има и тоа какво значење“ напиша, само неколку минути пред да се појави пред идниот американски претседател Џо Бајден и сите гости во Капитол, неповторливата Лејди Гага.

 „Мојата намера е да го признаам нашето минато, да бидем лек за нашата сегашност и страствена за нашата иднина за која работиме заедно со љубов. Ќе пеам во срцата на луѓето што живеат на оваа земја!“

На историскиот ден за Америка, Лејди Гага доби чест да ја пее американската химна за Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис на инаугурацијата на претседателската функција, а 34-годишната добитничка на Греми го стори тоа беспрекорно, полна со емоции.

И само за неа се зборуваше во милиони домови низ Америка и Светот, бидејќи нејзиниот влез беше навистина посебен. Држејќи под рака војник во церемонијална униформа, Гага мина покрај обезбедувањето и излезе од Капитол на дневна светлина.

Ништо помалку од фустан од висока мода направен само за неа, а што не ни очекувавме. Нејзината креација го носеше потписот Schiaparelli Haute Couture дизајниран од Даниел Розбери, и се состоеше од темно сина кашмирска јакна од која продолжуваше преголемото црвено свилено здолниште, додека на нејзините гради имаше огромна брош од златни гулаби, како симбол на мирот.

Исто така златен беше и микрофонот кој цврсто го држеше во рацете, како и слушалките во кои ја слушаше музиката.

Откако ја испеа химната, Лејди Гага ги поздрави Џо Бајден и неговата сопруга Џил, а потоа, сè уште под емоции, им дофрли нешто на Мишел и Барак Обама, мавтајќи им лесно со нив.

Поминаа помалку од петнаесет минути од настапот, а Лејди Гага ги вжешти социјалните мрежи, особено Twitter, кој за кус временски период има собрано повеќе од 250.000 твитови, a тие растат од минута во минута.

Инаку, Лејди Гага од самиот почеток јавно ја поддржуваше кандидатурата на Џо Бајден, а изведбата на химната за неа не е ништо ново, бидејќи настапи и на SuperBowlu во 2016 година.

escort - Korsan taksi