ГО ИЗНЕВЕРУВАЛА БИВШИОТ БЕЗ СРАМ, А ПОТОА ГО ЗАПОЗНАЛА ЗГОДНИОТ КОЛЕГА: Добија три деца и живеат во вила од 30 милиони долари!

20 јули, 2021
254401_kris-hemsvort-i-elsa-pataki_ls

Австралискиот актер Крис Хемсворт (36) ужива во бракот со неговата осум години постара сопруга, шпанската манекенка и актерка Елза Патаки (45).

Згодниот актер на Инстаграм и го честиташе 45-от роденден на својата сакана со неколку фотографии.

„Среќен роденден, убавице“, напиша Крис и додаде емотикон за срце, а најголемо внимание предизвика фотографијата каде ја прегрнува Елза.

Крис и Елза се запознаа во 2010 година и тие кажаа судбоносно „да“ по само неколку месеци врска.

Во 2014 година, двојката се пресели од Америка во Австралија, каде што изградија луксузна вила проценета на 30 милиони долари. Во нивниот луксузен дом од бајките, тие растат три деца, Индија Роуз (8) и близнаците Саша и Тристан (7).

Инаку, Елса Патаки имаше прилично бурен љубовен живот пред Крис Хемсворт.

Од 2004 до 2006 година таа беше во врска со францускиот актер Мајкл Јанг, кој ја остави кога откри дека го изневерува.

Elza Pataki

Тој сакаше да и направи роденденско изненадување додека таа го снимаше филмот „Змии на авион“ во Канада, но кога пристигна во хотелот ја најде како се бакнува со филмскиот продуцент. Само и го дал букетот рози и веднаш се врати дома.

Таа се заљуби во американскиот актер Адриен Броди во 2006 година, а тој и купи стан во Њујорк за нејзиниот роденден една година подоцна.

Живееја некое време во тој стан, но во 2009 година, љубовта пукна. Наводно го напуштила затоа што не била подготвена за брак.

Една година подоцна, таа се омажи за Крис Хемсворт.