ГО „РАЗВРЗА ЈАЗИКОТ“: „Мојата плиткоумна и себична сестра ќе го ти го уништи животот!“ Братот на Меган Маркл му испрати ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ на Хари! (ВИДЕО)

10 август, 2021
5087f87bb3e2b352de4bc1d180c1727460725b8a

Војвотката од Сасекс Меган Маркл нема многу среќа во последниве месеци.

За краток временски период го помина патот од омилена личност на кралското семејство до најомразената личност во Британија, а за сè е заслужно интервјуто што го даде со принцот Хари на водителката Опра Винфри.

На сѐшто се случува, во прилог не ѝ оди ниту тоа што нејзината мајка е на нејзина страна, додека другите членови од нејзиното семејство, особено машките претставници, за малку пари се подготвени да ги изнесат сите „валкани“ работи за неа.

Иако во изнесувањето непријатни работи во јавноста нејзиниот татко секогаш е прв, сега одлучил да проговори уште еден член од семејството Маркл, нејзиниот полубрат Томас.

Имено, тој влегол во популарното реално телевизиско шоу „Големиот брат ВИП“, а на самиот почеток „го разврзал јазикот“ за својата славна полусестра.

Томас тврдел дека го предупредил Хари уште на самиот почеток дека неговата „плиткоума, разгалена и користољубива полусестра ќе му го уништи животот“.

– Едноставно е плитка. Не ја гледа пошироката слика, важно ѝ е само тоа да има сега, не се грижи за последиците – рекол Томас и додал дека се обидувал да му го објасни тоа на Хари, дека Меган не е вистинската жена за него.

Томас истакнал и дека го боли тоа што знае колку некогаш тој и Меган биле блиски, но дека повеќе не е огорчен. Додал и дека на почетокот бил збунет и лут бидејќи не се нашол на списокот на гостите за кралската венчавка помеѓу Меган и Хари, па поради тоа ја прозва дека „ја заборавила својата крв и потекло“.

Самиот Томас не е „цвеќе за мирисање“, како ниту неговиот татко, а во минатото беше уапсен поради закана со пиштол и за семејно насилство.

– Кога ќе се напие станува сосема луд. Јасно е зошто Меган не сака да има контакт со него – рекол своевремено роднина на полубратот на Меган.