Годинешниот македонски евровизиски преставник покажа „нула“ национално чувство, свест и патриотизам: Finally… Васил Гарванлиев „from the other side“ – Zero points!

15 март, 2021
vasil pokaza nula

Ние како да сме родени за скандали… Осбено за „тривијални“ настани како што е Евровизија, кои неретко потоа се претвораат во национална  катастрофа. Штом дојде време за Евровизија и Македонија на неа, ете ти ги проблемите. Те местенки во изборот на пејачот, те сомневања во изборот на песната, па како е отпеана, па кореографијата, облеката, сценскиот настап, продукцијата, видеото, лошото лобирање со соседите и останатите учесници… И има ли нешто што еднаш комплетно ќе биде завршена работа, без да има било какви прозивки? Секако, мислењата како и вкусовите се различни, интересите уште поразлични, но едно е сигурно: Критериумите мора да бидат единствени и исти за сите! А овој пат не беше баш така, а еве и зошто.

Прво што предизвика револт кај „осакатената“ македонска естрада која една година седи дома и не работи заради коронапандемијата, а со што не и е загрозена само кариерата туку и голата егзистенција, беше изборот на ист пејач лани и годинава да не преставува на Евросонг. Во ред, Васил Гарванлиев беше „обесправен“ лани да настапи заради откажување на „Еврсонг“, па сепак… Не беше само  тој баксуз, па оттаму можеби требаше да им се даде  простор да се изборат за своја шанса и на некои од останатите естрадни уметници, односно да се спроведе поширок домашен избор.

Нејсе, кога МРТВ веќе му даде втора шанса, очекувањата беа уште во старт да ја оправда. И музички и вокално и патриотски… Од сетоа тоа уште во старт добивме одлично отпеана, но, „малку чудна песна“ и секако скандал, кој ја разбранува јавноста.

Видеото уметничката поставка на Вангели ја претвори во  национален срам со „случајно прераспределените“ бои по обратен редослед во духот на бугарското знаме, што ја допре македонската јавност во најневралгичната точка, македонско – бугарските односи! Една „ненамерна“ грешка во уметничка инсталација стана првата провокација што ја затркала лавината.

И додека МРТВ реши го извади од видеото делот што асоцира на „бугарскаото знаме“ за да ја испегла работата, а Гарванлиев се обиде да се „извади“ со јавно извинување за ненамерната грешка,   следуваше уште потешка. Втора шанса за прв впечаток никогаш нема или не е барем иста како првата, а кога и втората ќе ја прокоцкаш, врз твоите „случаности“ почнува да паѓа сомнеж дека се работи за намера!

И додека бурата се’ уште се не беше стишала, јавноста ја заплиска ново цунами од струмичкиот евровизиски скандал вокал. Неговото интервју во кое „ептен ја оплеска“ работата… Имено, на социјалните мрежи осамна парче од едно (веројатно ланско) евровизиско интервју во кое македонскиот преставник на Евросонг 2021, Васил Гарванлиев гордо се пофали дека покрај македонскиот поседува и бугарски пасош, а при тоа и уште дека има и бугарски корени во потеклото по прабаба му… Патем, кажувајќи дека тој сепак живее таму некаде во Струмица, „од другата страна на границата“ не сакајќи дури ниту да и го спомне името на земјата која го праќа на Евросонг. И тоа не еднаш, не два пати, туку три години по ред, зашто покрај годинава и ланското (не) учество, Гарванлиев и пред три години беше еден од придружните вокали на Тамара.


И кога сите овие факти ќе се соберат на купче се наметнувааат неколку логични заклучоци, но и недоумици со кои беа бомбардирани зовриените социјални мрежи, медиумите и јавноста викендов?

Никако не е во прашање сексуалната определба на пејачот… Тоа лична работа, а впрочем дури и „компаративна предност“ кога е Евросонг во прашање.

Грешката со распоредот на боите  како на бугарското знаме на уметничката инсталација во спотот некој сепак требал да ја воочи. Или при снимањето или при монтажата или при прегледувањето и последната супервизија пред да биде пуштен во етерот. Зашто во прашање е јавниот сервис и националниот интерес на земјата.

Изјавата во интервјуто на Гарванлиев е повеќе од скандалозна и неприфатлива, зашто е иритрачка и провокативан во најчувствителните и најневралгични точки и отвора сензибилни прашања кои се далеку од доменот и на музиката и на културата и на Евровизија.

Тоа што била дадена можеби лани, ништо не значи. Всушност значи само едно: секој има право на свое национално чувство, но нема право да го повредува туѓото, особено не колективната гордост на нацијата и земјата која го праќа да биде нејзин преставник. Впрочем, Македонија на Евросонг ја преставувале и Тоше Проески или Калиопи Букле, кои имаат влашки  корени, Есма Реџепова, која има ромско потекло, Адријан Гаџа кој има албанско потекло… и уште некои други, кои не се „етнички чисти Македонци“ , но покажале дека се многу поголеми Македонци од Гарванлиев, зошто ниту се фалеле со тоа од кој етникум потекнуваат, ниту јавно мавтале со пасошот од туѓа земја. Особено не таму кај што најмногу боли.  Туку покрај вонсериските евровизиски настапи, покажале лојалност, чесност, патриотски дух, чувство за државност и припадност на земјата на која и припаѓаат и ги испраќа да ја преставуваат.

На ред е МРТВ да ја преиспита својата одлука дали Гарванлиев да добие „прочка“ или  „шут карта“? Односно, дали  дали одново „ќе ја свиткаме кичмата“ и за ваквите гафови ќе му се „прогледа низ прсти“ или ќе важи  она, „непроштено“, па тој треба да биде суспендиран?

Вака, сега ги остави источните соседи да ликуваат, да не провоцираат и да се ситат на нашите (не)промислени „грешки“… Или можеби, ништо не е баш случајно?

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi