ГОЛЕМ ПРЕСВРТ ВО ХОЛИВУД! Џони Деп доби пресуда против поранешната сопруга! Никој не се надеваше на ова!

5 август, 2021
Screenshot 2021-08-05 185228

Шок!

Актерот Џони Деп доби пресуда во бракоразводната парница против неговата поранешна сопруга Амбер Херд. Откако се венчаа во 2015 година, само една година подоцна, Херд поднесе барање за развод и го обвини Деп за насилство.

Деп и неговите адвокати ги отфрлија обвинувањата, тврдејќи дека Херд се обидува да профитира со финансиски надомест, и наскоро беше постигната спогодба од седум милиони долари, за која Амбер тврдеше дека ќе ја донира на Американската унија за граѓански слободи и Детската болница во Лос Анџелес.

Сега Деп се обидува да открие дали неговата поранешна сопруга го исполнила тоа ветување. Неговиот адвокат Ендру Калдекот тврди дека ветената донација била „пресметана и манипулативна лага“, која „од самиот почеток имала за цел да го уништи Деп“.

Тој исто така тврди дека детската болница во Лос Анџелес му пишала на деловниот советник на Деп во 2019 година со цел да ги извести дека Херд не извршила никакви плаќања.

Ако се покаже дека таа не донирала пари, Деп и неговиот адвокатски тим ќе имаат силни докази против неа во нивна корист.

Да се потсетиме, откако спогодбата беше постигната во август 2016 година, три години подоцна, Деп го тужеше британскиот таблоид „Сан“ за пишување дека ја малтретирал својата сопруга, што доведе до судење во 2020 година, кое Деп го загуби. Судија на лондонскиот Врховен суд заклучи дека тој неколку пати ја нападнал својата поранешна партнерка и дека ја навел да се плаши за сопствениот живот.

Поради целата ситуација, Деп мораше да поднесе оставка и да се откаже од улогата на Гринделвалд во новото продолжение на „Фантастични sверови“, што на многу обожаватели не им се допадна, па на Интернет дури беше покрената петиција за отстранување на Амбер Херд од актерската екипа на „Аквамен“.

escort - Korsan taksi