Голем пресврт во разводот Џоли-Пит: Дали актерот сепак ќе остане без старателство над децата?

25 јули, 2021
1469179

Анџелина Џоли запиша мала победа на своја страна во бракоразводната парница со Бред Пит откако успеа да добие дисквалификација на претходниот судија на апелација

Познатите актери се заглавени во правна битка за старателство над децата од 2016 година кога Анџелина Џоли поднесе барање за развод. Судијата Џон Удеркирк во мај годинава донесе одлука за заедничко старателство над децата, како што побара Бред Пит.

Сепак, во петокот судот ја прифати жалбата на Џоли за исклучување на судијата од случајот. Жалбата беше одобрена со образложение дека судијата Удеркирк имал деловни зделки со адвокатите на Пит и со тоа ги нарушил етичките принципи на професијата, а пресудата може да биде пристрасна.

Ова исклучување значи дека битката за петте малолетни деца ќе треба да се повтори пред друг судија.

Портпарол на Пит коментира дека пресудата во мај се заснова на факти.

Џоли и Пит се борат за старателство над Пакс (17), Захара (16), Шајло (15) и 13-годишните близнаци Вивиен и Нокс. Најстариот Медокс има 19 години, па судската постапка не важи за него.

Славната двојка беше заедно 10 години пред да се венчаат во 2014 година. Тие се разведоа во 2016 година. Пит исто така беше испитуван за насилство врз деца, но брзо беше ослободен.

escort - Korsan taksi