Грета Тунберг со интервју во модно списание повика на темелни промени во модната индустрија

14 август, 2021
210809123832-01-greta-thunberg-vogue-scandinavia

Светски познатата климатска активистка Грета Тунберг се појави во необично издание за неа – на насловната страница на моден магазин, каде зборуваше за неопходните промени што мора да се воведат во модната индустрија за да се спаси животната средина, но и работните услови за многу работници во текстилната индустрија.

Намалувањето на потрошувачката на брза мода со цел да се намали нејзиното негативно влијание е еден од предлозите на младата активистка која го започна својот „климатски штрајк“ во 2018 година, на која се приклучија многу млади луѓе ширум светот. Во интервју за првиот број на списанието „Vogue Scandinavia“, таа откри дека во последните три години не купила никакви нови парчиња облека туку најмногу ги позајмувала од пријателите, додека последното парче што го купила е половно.

Greta Thunberg revealed as Vogue Scandinavia's inaugural cover star - CNN  Style

Нејзиното интервју доаѓа истовремено со извештајот на Меѓувладиниот панел за климатски промени (ИПЦЦ), кој потврдува дека човечката акција несомнено предизвикала климатски промени и затоплување и предупредува дека доколку не се направат итни промени во производствените методи и извори на енергија што ги користиме, може да доведе до еколошки катастрофи.

„Мислам дека не постигнав ништо конкретно, но сакам да можам да кажам дека направив се што можам“, рече Грета Тунберг за нејзиниот активизам и уште еднаш повика на акција и промена на системот.

escort - Korsan taksi