Хајди Клум облече топ и ја поддржа својата земја на Европското првенство во фудбал со провокативна фотографија

16 јуни, 2021
hajdi-klum-1-830x0

„Германија, среќно денес“, напиша Хајди Клум под разголената фотографија

Манекенката Хајди Клум (48) е жесток љубител на фудбалот, а во вторникот ги запали социјалните мрежи откако објави разголена фотографија.

Но, имаше и посебна причина за тоа – ја поддржа својата земја на Европското првенство во фудбал, и за само неколку часа доби над 186.000 лајкови.

– Германија, со среќа денес – напиша Клум покрај фотографијата на која позира во топ под кој нема ништо, па за малку ќе и се видеа градите.

Својата завидна фигура ја истакна во долен дел од костим за капење и со интересен накит, но овој пат никој не обрна внимание на тоа со оглед на тоа што нејзината маица едвај ги покриваше градите.

Познатата Германка е зафатена последните неколку недели поради снимањето на шоуто „Америка има талент“, во кое има улога на водител, а секој слободен момент го користи за своето семејство.

Клум е во брак со музичарот Том Каулиц (31), член на групата „Токио хотел“. Иако поради големата разлика во годините, многумина не веруваа во нивната љубов, среќната двојка со секое појавување во јавноста докажува дека се повеќе заљубени од кога било.

Да потсетиме, Клум и Каулиц се венчаа во август 2019 година на италијанскиот остров Капри, но тие го кажаа судбоносното „да“ во февруари истата година, но во тајност. Пред тоа беа во врска две години.

escort - Korsan taksi