Хали Бери (54) нѐ остава без здив со нејзината линија, може само да ѝ завидуваат многу дваесетгодишни девојки!

28 март, 2021
pjimage-2_poZBv94

Холивудската актерка објави фотографија од тренингот на која гордо ја покажува својата фигура. За само 16 часа, таа собра над 145.000 лајкови, а многумина не можат да не се воодушеват што изгледа толку добро на нејзините години.

Убавата Хали Бери (54) уште еднаш докажа дека возраста не е пречка да ги остави луѓето без здив со нејзината беспрекорна фигура. Со последната фотографија од тренингот таа го „запали“ Инстаграм.

  • Кој сака да се бори? – напиша таа во фраерски сленг, а потоа додаде дека дизајнирала програма со која вежбите се одвиваат на ново ниво. За само 16 часа, фотографијата собра над 145.000 лајкови.

Следбениците со ентузијазам ја поздравија нејзината иницијатива, нарекувајќи ја кралица, но повеќето од нив безрезервно признаа дека не би се осмелиле да влезат во рингот со ’опасната’ Хали. Многумина, исто така, со неверување ја коментираа нејзината возраст и си ветија дека ќе остават крофни и друга храна што дебелее.

Да потсетиме, оваа добитничка на Оскар и мајка на три деца отсекогаш се фалеше со извајана фигура, но она што Бери го постигна во подготовките за улогата на ММА борец во филмот Модринки, кој излезе во 2020 година, беше навистина неверојатно.

  • Нема подобро чувство од поставување цел и нејзино постигнување! Една од моите цели беа извајаните стомачни и конечно стигнав до нив! Чувството е нереално – напиша Хали тогаш со слика на нејзините стомачни.

Потоа, Хали ги повика сите свои следбеници да имаат цели и да се борат за нивно достигнување.

24sata
Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi