Хари доби унапредување и стана предмет на шега поради значењето на 18+ титулата

21 април, 2021
e9de6845-ef1f-4750-a29f-bebefe8baf20

Принцот Хари неодамна доби нова титула во работата што неодамна ја извршуваше, Chief Impact Officer (CHIMPO), што во превод значи извршен директор за влијанија.

Како и да е, заради тоа што означува кратенката за титулата на јапонски јазик, оваа вест наиде на бројни исмевања низ цела Азија, пишува Дејли Меил.

Чимпо е жаргон за пенис во Јапонија, па затоа не е изненадувачки што веднаш следеа бројни шеги со Хари.

„Замислете дека Хари доаѓа во Јапонија и им се претставува на службените лица како шимпо“, напиша еден коментатор на јапонската веб-страница Jin.

„Без оглед на тоа колку години имате, не можете да не се смеете на зборот чимпо“, напишал друг.

Откако бил ослободен од кралските должности, принцот Хари се вработил како службено лице и започнал да работи за BetterUp Inc. Во март, компанијата објави дека Хари е назначен за извршен директор. Освен што им беа дадени целосни гласачки права при стратешките одлуки, принцот стана и нивно лице.

escort - Korsan taksi