Хит реакцијата на Шерон Стоун на обновената романса на Бен Афлек и Џеј Ло

14 мај, 2021
h_55609248-1024x683

На темата за обновената романса помеѓу Џенифер Лопез и Бен Афлек не можат да одолеат ниту славните. Своето мислење Шерон Стоун го сумираше и во само неколку букви со прашалник, кој ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи.

Комичарот Мишел Колинс во понеделникот на Инстаграм објави снимка од својот твит за познатиот пар од почетокот на 2000-тите, кој се чини дека ја обновува својата романса во последно време.

Оригиналната објава вклучува фотографија од 48-годишниот Бен Афлек и 51-годишната Џенифер Лопез во автомобил, што комичарот ги коментира:

„Џеј Ло е со него околу две недели и тој е повторно врел. Се обложувам дека неговата тетоважа од феникс на грб полека исчезнува како фотографијата во „Back to the Future“ “.

Во нејзиниот одговор на објавата, Шерон Стоун се чини дека го кажа гласно она што многумина мислат, а станува збор за другиот бивши свршеник на Џеј Ло, со кого латино дивата неодамна ја раскина врската.

„Да, мислам WTF A-Rod?“, напиша Шерон Стоун, 63 година.

„Ми требаат повеќе вашите мислења во животот“ и „Поради ова секогаш ќе биде кралица“, се само некои од коментарите на објавата на Стоун.

Sвездата на „Ниски страсти“ не е единствената славна личност која коментираше за повторното обединување на поранешната двојка. Својот став за емисијата „Today“ го даде и пријателот на Бен, Мет Дејмон.

„Нема доволно ликери на светот за да ме натераат да кажам нешто за тоа“, се пошегува 50-годишниот оскаровец и додаде дека за патувањето на неговиот пријател дознал само кога се појавиле фотографиите.

„Тоа е фасцинантна приказна, се надевам дека е вистина. Ги сакам и двајцата … Тоа би било одлично “, коментира Дејмон.