ХОЛИВУДСКАТА SВЕЗДА ИМА 30 ГОДИНИ И СПИЕ СО ПЛИШАНА ИГРАЧКА: Само едно лице освен неа смее да ја ДОПРЕ (ФОТО)

19 јуни, 2021
margo

Актерката Марго Роби призна дека спие со плишана играчка и ја покажа во шоуто!

Марго Роби е sвезда на бројни холивудски филмови, како што е „Волкот од Вол Стрит“, а беше и номинирана за Оскар. Но, тоа не ја спречува дома да се однесува како што сака, што низ смеа го призна во една емисија.

„Да, имам 30 години и спијам со плишано зајаче“, рече убавата Марго.

Таа исто така го покажа својот „пријател“ за спиење, и рече дека тој е стар колку и таа, па затоа е прилично излитен!

“Знам што ќе кажете, не ме психоанализирајте! И знам, не изгледа како зајаче”, рече Марго.

Погледнете го:

Играчката ја добила како бебе и со неа спие цел живот, а само на една личност и е дозволено да му се „приближи“ на зајачето.

“Само мајка ми смее да го допира зајачето, затоа што повремено го крпи, прилично е дотраено. Но, поради вирусот, не сум ја видела мајка ми скоро две години, така што зајачето не е крпено веќе некое време“, рече Марго.