Хорор исповед на sвездата на „Игра на тронови“: Менсон ме врза, ме камшикуваше, јас бев негов затвореник

12 февруари, 2021
kgn-img-321990

Англиската актерка Есме Бјанко (38), која се прослави во серијата „Игра на тронови“, го обвини музичарот Мерилин Менсон (52) за злоупотреба, откако актерката Еван Рејчел Вуд, која му беше свршеница, прва зборуваше за тоа во јавноста .

Имено, Есме вели дека „се чувствувала како затвореник и дека пејачот за малку ќе ја уништел“, пренесуваат странските медиуми. Злоупотребата наводно траела две години, меѓу 2009 и 2011 година.

Сè започна кога Менсон ја замоли Бјанко да глуми во спотот за песната  “I Want to Kill You Like They Do in the Movies”, која никогаш не беше објавена. Таа вели дека за време на снимањето едвај спиела и јадела и дека Менсон и дал кокаин.

  • Тој беше насилен, ме врза со јаже, ме тепаше со камшик, користеше сексуални играчки. Се чувствував преплашено, но си реков: “Менсон е само актер. Ќе создадеме одлична уметност” – рече актерката.

Бјанко тврди дека во почетокот биле во врска на далечина, а таа открила и интимни детали и рекла дека Менсон ја гризнал за време на секс. На почетокот на 2011 година, таа ја напушти Англија за Лос Анџелес да живее со него. Потоа и диктираше кога може да спие, што може да носи и кога може да го напушти станот.

  • Се чувствував како негов затвореник. Дојдов и одев кога тој сакаше. Тој контролираше со кого разговарав, вели Бјанко.
escort - Korsan taksi