И Бобо беше на ревакцина… ама не оној на Рада, овој е на Весна – Бејби (ФОТО)

9 јуни, 2021
bobo

Весна Бејби Петрушевска долго го чекаше својот ред за „ваксинајс и го дочека. Дојде денот и таа да се боцне, да го прими „Фајзер“, оти тој ѝ се падна ѝ го прими… До душа, тогаш вакцинацијата малку и се искомплицира, ама сепак Весна – Бејби не остана без вакцина!

Првата доза Bејби ја прими  некаде во втората половина на мај, па кај да е, доаѓа време и за втората… И ете ја Бејби на ревакцинација.

И тоа не сама, туку со Бобо…!!! Нееее, не оној на Рада, овој е лично на Весна – Бејби.

Мал, сладок, влакнест… и покрај тоа што добро научил да позира, дошол и да се вакцинира или поточно, ревакцинира!

Затоа нека не ве чуди, што со Бејби на ревакццинација се појави на малку чудно место – кај ветеринар!?

„Бобо на ревакцина фала @creative.photographymk кој баш денес ги фотографираше овие прекрасни суштества кај Диме. Позиравме со Бобо“ – напишала Весна покрај фотографијата, на која е со својот куќен миленик, прекрасното слатко мало кученце.

Не сме баш убедени ниту пак сигурни, дека Бобо го ревакцинираа од Ковид – 19, туку најверојатно примил некоја друга, редовна „кучешка вакцина“, а газдарицата…?

Ако веќе не ја примила втората доза, веројатно кај и да е, наскоро ќе ја прими жената… Белким на вакциналниот пункт во „А1 арената“ !?

Преземено од vistina.com.mk