И ова го прави! Видео кое ќе натера многу жени да ѝ позавидат на Блејк Лајвли на нејзиниот сопруг

16 февруари, 2021
62037012

Љубовта се изразува на различни начини, вклучително и некои навидум обични дела што мажите ги прават за своите жени. А, актерката Блејк Лајвли откри дека нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс одлично се снаоѓа во една работа каде повеќето сопрузи не се вешти. Блејк објави видео на својот Instagram на кое Рајан ја ѝ ја фарба косата.

Со оглед на строгите епидемиолошки мерки кои сè уште се на сила низ САД, многу познати личности станаа вешти и во фарбањето на косата дома, вклучувајќи ја и актерката Блејк Лајвли. И не само таа, туку и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс.

Откриено е во видеото што Блејк го сподели на Instagram енаправено во домашен амбиент додека Рајан ѝ помагаше на својата сакана да ја обои косата. Заедно тие успеаја да завршат добра работа, како што се гледа на фотографијата од свежо обоената коса на актерката што Блејк ја објави заедно со видеото. Вештините за фарбање на косата на Рајан воодушевија многумина кои коментираа:

Ова е љубов.

Човек со скриени таленти.

Што тој не знае да направи?!