И Спејко како ѓаволот, носи „Прада“, ама знае и на вистинското место да ја потпре својата до нечија „брада“! (ФОТО)

8 јуни, 2021
spejko

Кумановецот Дарко Петковски – Спејко веќе извесен период има нов начин за живот за разлика од порано. Реалните шоуа за него се минато, инфлуенсерството се помалку му е приоритет,  особено откако стана спортски директор на КК Куманово и се стекна со важна титула во животот: диплома од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје!

Сѐ на сѐ,  „нов човек“, ќе речете навидум. И можеби има доста вистина во тоа. Сепак од стариот живот по нешто и му останало…

Како на пример, желбата за музика и меракот да биде на сцената, од пред некое време не само како придружба на нашиот Тајзи или српскиот трапер Раста, туку и соло со својата прва песна -„Caliente“!

Ама и уште нешто… Впрочем, „волкот крзното го менува, ама навиките – не“, вели старата добра поговорка. Или барем тешко ги менува, па некои работи остануваат за навека… Патем и не е тоа така лошо, а еве и што и зошто!?

Имено, откако му заврши љубовно-естрадната сага со модната блогерка и инфлуенсерка, струмичанката Љупка Митрова, таа сосема исчезна и се повлече, бришејќи ја таа епизода од својот живот за јавноста, а Спејко не го видовме одново во сериозна љубовна врска…

Го видовме во љубовна авантура, ама со анонимни дами… Непознати барем за пошироката јавност. Нова девојка „за озбилно“ – не покажа!

Затоа пак, одвреме-навреме шармантниот кумановец знаеше да покаже дека баш и „не пости“ на тоа поле.

Сега одново, ако не друго, колку за да го задржи континуитетот, Спејко повторно на најновите фотографии со една атрактивна дама. Расна  убавица, која одново предизвикува недоумица: Само пријателка за дружење, за професионална соработка или… „има некоја тајна врска“?

И конечно дали овие убави долги нозе испружени покрај неговите на брегот, се истите оние на дамата од претходната фотографија?

Или можеби на онаа, чии љубопитни прсти своевремено се најдоа на вистинското место, за полни раце радост, на обострано задоволство?

Која и да е, едно е сигурно: Спејко има вкус да одбере, а и дамите знаат што бираат, кога него го одбираат. И без оглед кој кому каде „брца“, кумановецот очигледно  ги знае „сите трикови на ѓаволот“ на патот до женските срца.

Впрочем и Спејко како и ѓаволот, носи „Прада“, ама знае и на вистинското место да ја потпре својата до нечија… „брада“!

Преземено од vistina.com.mk