Игор Џамбазов доби инспирација на планина, па и напиша песна на Илина: „Ти си малечка од оние цврстите…“ (ФОТО+ВИДЕО)

29 јуни, 2021
igor

Љубовната бајка на двете познати, признати и популарни македонски лика – Игор Џамбазов и Илина Арсова не само што сѐ уште трае, туку се чини дека како никоја до сега, или, ајде… како малку која, планинарката успеа да му го освои срцето на актерот.  И не само тоа, љубовта може да се роди, да се појави од нигде-никаде, да пламне и за миг да згасне, да се изгуби и исчезне, колку и да се трудиш да ја сочуваш… Веројатно самата по себе опстојува само ако крај себе имаш сродна душа, кој ќе умее да ја слуша и тишината, а ќе знае да го премолчи вресокот.

Токму така некако поетично се развива и трае врската на двете толку различни, а сепак слични и сродни души, кои по се изгледа дури во „зрели години“ успејаа да го препознаат она што ги прави среќни.

А кога човек вљубен и среќен, тогаш велат може и карпа да помести, да ја стопи како челик, планина да искачи, да прелета секаква препрека, да направи се’ само покрај љубовта да остане.

Џамбазов очигледно не само тоа што длабоко и силно го почувствувал, туку неговата уметничка душа и мулти талент преовладејаа над неговиот доскоро „нескротен“ темперамент, а за тоа и онаа до него да го почувствува, уметникот знае како љубовта да ја негува.

Кога инспирацијата е тука до тебе, само теба да го погодиш моментот, па во амбиентот во кој си се нашол, потребата да ги покажеш чувствата едноставно „извези ја“ во поезија… А кога Џамбазов е инспириран, работата е лесна, моментот за час да го преточи во песна.

Овој пат инспирацијата на „П“: Му дојде на планина, денот петок, не за урда туку за поглед и потреба од поезија… и се роди песна!  Или барем се зачна…

На Џамбазов му се погоди моментот, а ние се обидовме да го уловиме… Можеби не е истиот, ама инспирацијата е таа… Впрочем како и претходната, отприлика уште тогаш настанала и една друга строфа која вели:

„Кога таа се качува, тишината се слуша, се поблиску до врвот е, а јас немам душа“!

Петок, планина, поглед, потреба, поезија… Се’ на „П“… а, само тие на И... Илина и Игор!

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi