Илина Арсова отвора качувачка школа, па со алпинизам ќе ги учи жените да бидат самостојни

2 јули, 2021
ilina

Алипиниската и сликарка Илина Арсова последниот период е посветена на нејзиниот најнов проект, односно првата женска качувачка школа во Македонија.

Арсова преку своите часови сака да им го пренесе нејзиното досегашното исксутво, да ги научи на придобивките од спортот, како им ги покаже прекрасните предели со кои изобилува нашата земја.

Таа вели дека идејата за ова доаѓа од родовите неедкаквости , пред сè, од физичките разлики меѓу жените и мажите. Но и поради тоа што жените се порационални и повеќе реагираат на страв, кој е рачна кочница  во процесот на напредување.

„Знаејќи ги овие работи, од сопствено и искуство на други луѓе, сметам дека односот на жена кон жена може да има особено позитивен ефект врз мотивацијата и пребродување на овие пречки. Не дека не примаме машки во друштво, но едноставно ова е добра вежба за девојките да бидат по самостојни, свесни за своето ниво и целта која сакаат да ја постигнат“, открива Илина за Репортер.

Арсова планира во активностите да вклучи планинарење, возење велосипед, параглајдерство, слободно скијање, така и за секој вид качување карпи (спортско, алпинизам, традиционално).

„Особено сакам да ги поттикнам девојките и со нив да ги споделам моите лични искуства, придобивките од спортот во комбинација со прекрасните предели ширум светот кои сум ги открила благодарение на качувањето. За крај улогата на спортот во  развојот на работните навики, дисциплина но и едноставноста на прилагодување која ни е од помош во разни животни фази“, додава таа.

Илина Арсова е првата Македонка која успеала да ги освои сите седум највисоки врвови на седум континенти. Таа е во љубовна врска со актерот и шоумен Игор Џамбазов, со кого често ги измамуваат погледите на публиката.

Преземено од info.mk

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi