Илон Маск им го поставува ова прашање на кандидатите на интервјуто за работа

21 јуни, 2021
елон маск интервју кандидати

Интервјуата за работа се стресна ситуација сама по себе, затоа што никогаш не сте сигурни какви прашања може да ви постават потенцијалниот работодавач. Замислете како изгледа разговорот со него во текот на интервјуто за работа, што го спроведува лично – Илон Маск.

Милијардерот, наводно, им поставува на кандидатите за вработување едно главно прашање што е дизајнирано да го открие целиот потенцијал на кандидатите додека се наоѓаат под притисок.

Машинскиот инженер Тања Заковиќ ја сподели приказната за загатката на Маск на Тик-ток.

Таа изјави дека основното прашање за кандидатите кои сакале да работат во „Тесла“ или „Спејс екс“ е следното: „Вие стоите на површината на Земјата. Одите милја јужно, милја западно и милја север. Завршивте точно таму каде што започнавте. Каде сте?‘”

Меѓу коментарите што беа пронајдени на објавениот видео материјал се одговорите на славното прашање на Маск.

Додека некои се шегуваа и пишуваа дека точниот одговор е: Кина, Индија или Тексас, други посериозно го сфатија предизвикот. Тие одговорија дека решението е „Северен пол“ или „Бермудски триаголник“.

Одговорот на прашањето е навистина – „Северен пол“. Сепак, постои и друг одговор што е исто така точен, а тоа е – „Јужен пол“.

Тоа е всушност одговорот на второто прашање: „Каде на друго место би можел да бидеш?“.

Додека поголем број кандидати – инженери обично даваат точен одговор на првото прашање, помал број одговара на второто правилно.

„Маск всушност ги води низ загатка, до можни одговори, поставувајќи равенки за време на објаснувањето“, вели биографот на сопственикот на „Тесла“ и „Спејс Х“ – Ешли Венс.

За среќа, не е важно дали сте го дале точниот одговор или не бидејќи некои кандидати ја добиле работата и покрај фактот дека, како одговор на прашањето на Маск, се збуниле.

Маск всушност ја користи оваа вежба за да види како луѓето пристапуваат кон решавање проблеми и обработка на информации.