Има 95 килограми и е ПРЕУБАВА: Објави видео на кое се бричи СКОРО ГОЛА и Инстаграм експлодираше!

14 мај, 2021
GettyImages-1185549918

Најпопуларната plus-size манекенка Ешли Греам дефинитивно ги поместува границите на моделинг индустријата, но таа ги руши и стереотипите и заблудите за поголемите жени, докажувајќи нѝ од ден на ден колку се секси и заводливи кога се сакаат себеси и ги слават своите тела и облини.

Оваа нова мајка континуирано излегува од својата зона на удобност и храбро се спротивставува на мнозинството кое е подготвено да ја критикува, па дури и отворено ја навредува … Ешли редовно се фотографира гола или во долна облека, не грижејќи се за нападите и упорно го руши застарниот поглед на женската убавина.

Таа неодамна објави кратко видео на Инстаграм во кое ги бричи нозете само во долна облека, па дури и тверка во еден момент.

Ова е всушност реклама за нејзиниот жилет која неодамна го лансираше, а за започнување на овој бизнис очигледно беше инспирирана од негативните коментари кои често ги добиваше.

“Се сеќавате кога не ги избричив пазувите за време на карантин и луѓето ме прозиваа за тоа? Па, погодете што? Направив свој брич”, напиша Ешли.

Потоа сподели уште едно кратко видео во кое се бричи од глава до пети и цело време танцува во долна облека во боја на кожа, и пука со самодоверба и сексапил, а не и пречат ниту целулитот, ниту салото. Тоа видео беше прегледано над милион пати за само 11 часа, а изненадувачки луѓето главно оставаа комплименти и убави зборови.

„Преубава си“, „Ти си вистинска инспирација“, „Те обожавам“, „Тоа покажува како вистински жени изгледаат под туш“, „Колку сте сензуални“, се само неколку од низата слични коментари.

Да потсетиме, славната 33-годишна девојка неодамна за магазинот „Гламур“ истакна дека сè уште има фрустрирачки разговори за нејзиниот физички изглед, исто како и на почетокот на нејзината кариера.

“Луѓето често ме прашуваат како успевам да пукам со самодоверба и коментираат за мојот стил на облекување. Фактот дека носам конфекциски број 16 (американска големина), тежам повеќе од 90 килограми и снимам кампањи за долна облека не значи дека сакам постојано да водам разговори за тоа што е потребно за да имам толку многу самодоверба. Да се ​​биде голема девојка не значи дека треба постојано да имам вакви разговори. Тоа е малку шокантно за мене затоа што истите прашања не се поставуваат на потенки жени. На крајот, навистина не станува збор само за изгледот. Она што е во нас е нешто на што треба да работиме “, рече таа.