Инцидент во Мексико: Дуа Липа беше шокирана од напливот на фановите и едвај избега во автомобилот

23 март, 2021
pjimage-7

Дуа Липа остана потресена откако лудите обожаватели во Мексико Сити масовно ги пробија пречките за да дојдат до неа. Таа во последен момент побегна кон автомобилот и оттогаш не се огласи

Гламурот на Греми наградите беше како друг свет за Дуа Липа викендов кога и се случи невообичаена ситуација во која што фановите се затрчаа кон неа.

Британската супер ѕвезда долета во Мексико Сити за работа, но изгледаше потресено откако локалното население се обиде да и пријде.

Видеото објавено на Јутјуб и другите социјални мрежи ја покажува пејачката како поминува покрај обожавателите кои се обидувале да ја фотографираат.

Но, во еден момент, тие се втурнаа кон неа кога беше на само неколку метри од автомобилот, принудувајќи ги нејзините телохранители да ги ‘оттргнуваат’ додека Липа брзаше кон паркираниот автомобил.

Иако не беше повредена, пејачката се потресе од овој настан, што се случи доцна во саботата вечер.

24sata

– Се прошири веста дека Дуа Липа е на тоа место и наскоро се собра маса луѓе кои сакаа да ја видат – изјави извор за еден британски таблоид.  

– Но, стана гадно кога двајца обожаватели се втурнаа кон неа. Тие навистина трчаа кон неа и изгледаше застрашувачки – објасни тој.

– Очигледно беше дека и е непријатно, но за среќа таму беже обезбедувањето што ги спречуваше да и приоѓаат. Кој знае што можеше да се случи – рече изворот.

Претходно, sвездата сподели фотографија на Инстаграм, сугерирајќи дека е во Мексико и снима кампања за Yves Saint Laurent.

„Пресреќна сум што се вратив на снимањето на новата кампања Libre со мојот тим @yslbeauty“, напиша таа.

Недела пред тоа беше во Лос Анџелес на доделувањето на Греми наградите каде ја освои својата трета награда за најдобар поп-вокален албум на годината ‘Future Nostalgia’.

По инцидентот, таа објави серија фотографии на Инстаграм, со кои напиша дека ова е нејзината бавна транзиција кон блогерите за храна.

escort - Korsan taksi