Ако сте голем љубител на ‘Пријатели’ ова ќе ви го уништи животот: Едно момче го откри тикот што го има Џенифер Анистон и на никого не му е јасно како порано не го приметиле!

24 февруари, 2021
profimedia-0098734428

Огромен обожавател на популарниот ситком забележа дека актерката има необична навика пред да кажува шеги кои веќе нема да можете да ги игнорирате.

Фановите на „Пријатели“ тврдат дека животот им бил уништен откако со вирално видео беше откриен очигледниот вокален тик на Џенифер Анистон.

Имено, еден корисник на „ТикТок“ забележал дека актерката редовно ќе го расчистува грлото или ќе кашла пред да го каже својот текст.

„Она што сега ќе го кажам ќе ги уништи вашите животи, особено ако сте голем обожавател на „ Пријатели “. Ако ја сакате серијата, ве молиме продолжете да скролате затоа што ќе ви го уништам животот “, рече тој на почетокот на видеото.

„Џенифер Анистон има чуден вокален тик на почетокот на секоја реченица што ја изговара во серијата. Многу е специфично и тешко е да се игнорира откако ќе го забележите “, додаде тој.

Како доказ, тој приложи десетина сцени од серијата во која таа глумеше десет сезони. Исто како што рече, Џенифер имала навика да кашла пред нејзиниот текст или особено духовита сцена.

„Многу актери имаат некои свои тикови додека глумат затоа што не знаат што да прават. Некои од нив воздивнуваат, други негодуваат и сл. “, „ Ова е глума. Тоа го прави во сцени кога е засрамена “, „ Го забележав тоа одамна и е одлично затоа што нејзиниот лик изгледа вистински “, „ Мислев дека навистина ќе ги уништиш моите „Пријатели“, но ти не го стори тоа “, напишаа фановите.

Други претпоставуваат дека актерката кашлала пред смешните сцени затоа што пушела во тоа време, што е навика на некои пушачи.

escort - Korsan taksi