Брендот за долна облека на Ријана достигна вредност од 1.000.000.000 долари!

18 февруари, 2021
rihanna-rijana-2-460x0

„Savage X Fenty“ минатата година забележа раст на приходите од повеќе од 200% и ја зголеми својата активна база на ВИП членови за повеќе од 150% – се вели во соопштението на компанијата.


Само три години по нејзиното лансирање, брендот за долна облека на Ријана (32) наречен „Savage X Fenty“ достигна вредност од милијарда долари.

Прославен од различни големини и добар маркетинг, Savage X Fenty забележа раст на приходите од повеќе од 200% минатата година и „ја зголеми својата активна база на ВИП членови за повеќе од 150%“, се вели во соопштението на компанијата.

Досегашната линија за долна облека собра 185 милиони долари, а списанието „Форбс“ процени дека уделот на поп-sвездата е околу 80 милиони долари пред последниот круг на финансирање.

Веста доаѓа една недела откако сопственикот на модниот бренд Лиј Витон групата LVMH и музичката sвезда Ријана се согласија да ја затворат својата модна линија „Fenty“, помалку од две години откако беше лансирана.

Ова неодамна го објави францускиот гигант за луксузни производи. Во изјавата на LVMH се вели дека колекцијата „Ready to wear“ на брендот „Fenty“, со седиште во Европа, „ќе биде во мирување“ сè додека не се создадат подобри деловни услови.

Амбицијата на групата и пејачката од Барбадос е сега да се концентрираат на растот и развојот на истоимената козметика и шминка, како и на долната облека.

Оценувањето на „Savage X Denty“ речиси изгледа „мало“ во споредба со рејтингот на брендот на Ријана „Fenty Beauty“, кој беше лансиран во 2017 година и брзо го наруши пазарот на шминка со разновидниот опсег на нијанси на пудра.

Според „Форбс“, оваа компанија оствари 558 милиони долари во првата година од работењето – и ја направи Ријана најбогатата музичарка во светот. Во 2019 година, „Fenty Beauty“ е проценет на повеќе од 3 милијарди долари.

escort - Korsan taksi