Дали мириса на скандал? Калиопи на новинарката Весна Дедиќ, со закани за отказ од емисијата “Балканска улица“

8 март, 2021
калиопи

„Никогаш веќе нема да и се јавам да ја поканам во емисијата. Ние работиме за плата, а таа мене дека сме должни да ја чекаме, и ако повеќе од два саати ја чекавме, па ќе му се јавела на директорот на телевизијата“, вели новинарката. Калиопи тврди дека на никој не се заканува со откази, туку на секој човек му помага да има работа!

Весна Дедиќ, познатата српска ТВ новинарка и авторка на долгогодишната популарна емисија „Улица Балканска“ имаше, вели скандалозна говорна пресметка со македонската поп дива Калиопи. За тоа што навистино се случувало зад камерите, објаснува деновиве Весна (за српските медиуми).

– Гостувањето на Калиопи беше закажано за 14 часот. Сите ја чекавме, целата екипа од сниматели, продуценти, шминкери, мои колеги новинари и секако јас. Но, таа максимално доцнеше, за да дојде два и пол часа подоцна. Патот и се искомплицирал и кога стаса најпосле во Белград бараше најпрво да оди во хотел да се среди, а потоа во Тв, на снимање. На тоа и реков отворено:“Слушајте Калиопи, овде сите ве чекаме со саати, Вие сте и онака доволно позната и згодна, така што со малку маскара и пудра ќе ја завршиме работата. Не можеме толку да Ве чекаме, овие сите луѓе овде работат за плата.“

Меѓутоа Калиопи бесно на тоа ми возврати, внимавајте, “дека сме должни да ја чекаме“! И уште е пострашно дека ќе му се јавела на директорот на Тв за да ми даде отказ од работното место, бидејќи не сакам да ја чекам.Јас и одговорив, дека слободно може да му се јави на директорот. Така да, ова на Калиопи никогаш нема да и го заборавам, никогаш веќе нема да ја поканам во емисијата “Балканском улицом“.
Дали овој настан ви мириса на скандал? На многумина да! Особено затоа што и другата страна нашата мила Калиопи има што да каже:

-Точно е јас закаснив на интервјуто, но поради тоа што имаше сообраќајка на патот од Загреб кон Белград дента кога патував. Нејзините продуценти беа информирани. Јас не стигнав од тие причини. Како да ви објаснам? Изненадена сум страшно непријатно од изјавите на Весна. Јас неа ја почитувам како водител,новинар, како писател, дури имам читано и нејзини книги.

И дали тоа ви личи на мене што го читате се ова по српските медиуми? Јас не сум таа која отпушта луѓе од работа. Калиопи е таа која секогаш се бори за секој човек да остане на работа да си има свое парче леб! Срамота, што и е на Госпоѓата?!

Но, Весна Дедиќ е упорна, стоејќи зад своите изјави, а додавајќи дека: “Штета што директорот на РТС Александар Тијаниќ не е веќе меѓу живите со што би ги потврдил моите зборови“.

Превземено од Вечер

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris