Екс сопругата на Даниел Кајмакоски позира во танга гаќички на снег – Ја освои Попова Шапка!

22 јануари, 2021
kristina

Секојдневно од познатите Србинки осамнуваат разголени фотографии на снегот на минусни температури кои станаа незаобиколен тренд во зимската сезона, a овој тренд дојде и кај нас.

Прва ја видовме пејачката Аделина Тахири во црвена долна облека како позира во центарот на Скопје, а сега на ред дојде и атрактивната мисица Кристина Димитриевска.

Таа не отиде многу далеку од своето родно Тетово, па реши да се фотографира по бели гаќички на снегот на Попова Шапка.

Со сноубордот во раце, и кадар од кој се истакнаа нејзините долги и витки нозе, Кристина очекувано ги собра сите пофалби.

Како вам ви се допаѓа ова секси издание на екс сопругата на Даниел Кајмакоски?