КАРОЛИНА СИ ЗАМИНА ОД ЊУЈОРК: “Нашите дружења секогаш завршуваат со песна“ (ФОТО и ВИДЕО)

2 март, 2021
каролина си замина

Каролина Гочева го заврши престојот во Њујорк каде што нејзиниот сопруг Михаил Корубин неодамна ја имаше својата прва самостојна изложба. На испраќање музичките уметници пијанист Дуке Бојаџиев и кларинетистот Исмаил Луманоски  договорија средба во продавницата за музички инструменти „Клавирхаус“, па сосема очекувано дружењето како и секогаш, заврши со песна. Истата онаа, која триото ја изведе на концертот на Дуке пред три години во тогашната „Метрополис Арена“ – баладата „Празно е без оваа љубов“, чиј автор е таткото на Дуке, покојниот д-р Тодор Бојаџиев, а оригинално ја отпеала Верица Ристевска.

„Нашите дружења секогаш завршуваат со песна“, напиша Каролина споделувајќи го видеото од прекрасната изведба во „Клавирхаус“.

Преземено од ulica.mk

escort - Korsan taksi