Опра за нераскажаните детали од скандалозното интервју со Хари и Меган

27 април, 2021
profimedia-0513807071

„За мене беше многу важно да му покажам сè на светот“

Опра Винфри е една од најпознатите телевизиски водителки, а многумина ја рангираат меѓу највлијателните жени во светот. На 67 години, таа може да се пофали со исклучително богата кариера, а покрај тоа што го снимаше своето сопствено шоу „Опра Винфри шоу“ 25 години, таа е и продуцент, актерка и писателка. Последниот во низата настани на кои нејзиното име одекна силно во светот е секако интервјуто со 39-годишната војвотка од Сасекс Меган Маркл и нејзиниот сопруг, 36-годишниот принц Хари. Иако од тогаш поминаа скоро три месеци, интервјуто сè уште е тема на пишување во светските медиуми. Сега причината е што за прв пат се огласи самата Опра.

oprah winfrey

Имено, за време на промоцијата на нејзината книга, таа се осврна и на разговорите со Хари и Меган. „За мене беше многу важно да му покажам сè на светот, но да не дозволам работите да протечат и да бидат погрешно протолкувани пред самото интервју“, изјави Опра за списанието „Пипл“.

Најмногу ме изненадија изјавите за расизмот

Разговорот траеше повеќе од три часа, а таа строго и забрани на снимачката екипа да ги открие деталите од интервјуто пред емитувањето. ‘Пуштавме делови на CBS и го сторивме тоа на начин што ништо не може да се искористи и погрешно да се протолкува. Во тој дел се вложи многу труд и енергија ‘, објасни таа и откри што најмногу ја шокирало за време на разговорот.

‘Она што најмногу ме изненади беа изјавите за расизмот и кога парот рече дека нивниот син Арчи не добил титула. Тие рекоа дека нема да добие титула. Нема да добие осигурување што ќе го заштити, туку дека се загрижени за тоа колку ќе му биде темна кожата кога ќе се роди’, се присетува таа. Со оглед дека ова е многу деликатна тема што предизвика бројни протести во Америка минатата година, кралскиот двор мораше да реагира. Според тогашните пишувања „Меил он Сандеј“, кралицата Елизабета Втора е подготвена да направи голема промена – што може да ја освежи кралската традиција. Имено, кралицата има намера да ангажира експерт за различности. ‘Имаме воспоставени политики, процедури и програми, но не го видовме напредокот што би го посакале и прифативме дека треба да се направи уште повеќе. Ние секогаш можеме да се подобриме. Ова е во тек веќе некое време и ја има целосната поддршка од семејството“, рече истиот извор.

Најочекуваното интервју за оваа година, емитувано пред скоро три месеци на CBS, одекна во скоро секој агол од Земјата, а водителката заработи прекрасни 7 милиони долари на тоа, продавајќи ги радиодифузните права за таа сума. Затоа, не е ни чудо што Опра е најбогатата афроамериканка на 20тиот век и првата мултимилјардерка со темна кожа во Северна Америка, а исто така е прогласена и за најголемиот црнечки филантроп во американската историја.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi