Ова е Синди Крафорд без шминка и Фотошоп! (ФОТО)

16 февруари, 2021
screenshot_from_2021-02-16_19-44-47

Една од најпознатите модели од осумдесеттите и деведесеттите години беше фотографирана во Малибу без трошка шминка на лицето.

Синди денес има 54 години, но без оглед на нејзината возраст, изгледа фантастично. Иако е едноставно невозможно да се избега со години, Крафорд покажа дека е природна убавица.

Жената која ја одбележа светската мода ги откри своите ритуали пред неколку години, кои вклучуваат: добра нега, диета, физичка активност, позитивен став кон животот и големо „не“ на пластичните операции. Таа редовно користи дневни и ноќни креми и серуми. Таа е исто така голем обожавател на маски за нега на кожата и креми со заштитен фактор.