„Просто се шокирав“: Живкица Каленикова не очекуваше вакво нешто да ѝ се случи во сообраќај додека чекаше на семафор

12 март, 2021
zivkica kalenikova

Во секојдневието и сите случувања и нешта кои не опкружуваат, сигурно сте помислиле дека добрите постапки станаа многу ретки, па кога ќе се случат просто сме изненадени.

Веројатно многупати сте коментирале дека има многу лоша сообраќајна култура, па наместо да се поправаме, станува полошо. Па така, токму некои едностави гестови кои треба да бидат наша одлика, не ги очекуваме кога се случуваат.

Со една ваква ситуација во сообраќајот се соочи ТВ и радио водителката Живкица Каленикова која на својот Фејсбук профил напиша:

-Една непозната девојка денес ми го стопли срцето и баш ми го направи денот , имено на семафор излегува на дождот се фаќа за задната врата од мојот автомобил јас благо изненадена и само ми вели отворена ви беше вратата , просто се шокирав , не ми свиреше , мафташе да ми укаже како што обично сите правиме не мислеше на себе да не наврне туку едноставно помогна . Девојко алал ако се прочиташ , пиши едно кафе честам. Дечки можеме многу убаво да живееме. Да бидеме љубезни- пишува Живкица.

Нека ова биде само еден позитивен пример за да ги промениме лошите навики со оние кои треба да се основа на однесувањето, бидејќи доброто со добро се враќа – нели?

Преземено од vistina.com.mk

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris