Скриеното значење на ѓерданот на Меган Маркл и што тоа кажува за нејзината ментална состојба

25 март, 2021
tan2021-3-32022413291-830x0

Меган Маркл (39) неодамна се појави во шоуто „The Late Late Show With James Corden“ преку FaceTime и по тој повод носеше кристален ѓердан со посебно значење.

Имено, војвотката од Сасекс го комбинирала својот фустан со ѓердан кој има приврзок направен од кристали лапис лазули во форма на трапез и чија цена е 1.295 долари.

Ѓерданот е од колекцијата талисмани „Airelume“ дизајнирана од нејзината пријателка Тарин Туми.

  • Лапис лазули помага при самоизразување и откривање на нечија внатрешна вистина – стои во описот на производот.
  • Овој камен се смета за знак на искреност и мудрост и е особено корисен за сите оние кои треба да ја зајакнат својата самодоверба и посилна врска со својот внатрешен глас – пишува во описот.

Нејзиното кратко појавување во шоуто се случи само неколку дена пред големото интервју со Опра Винфри, за време на кое војвотката од Сасекс рече дека се чувствува ослободена и конечно може да зборува за себе. Потоа, тие допреа на теми како расизам и ментални болести.

escort - Korsan taksi