Снеже Велков првпат јавно му се обрати на сопругот: „Сакам да му се заблагодарам што ги трпи сите мои падови, сите мои еуфорични испади“

25 март, 2021
sneze

Водителката и фитнес инструкторката Снеже Велков е активна на социјалните мрежи.

На својот „Инстаграм“ често објавува како вежба, вози велосипед, подготвува разни специјалитети, дели совети или пак препорачува книги на оние кои сакаат да читаат.

Меѓутоа, кога станува збор за нејзиниот приватен живот, Снеже не сака многу да ги експонира своите членови на семејство. Така, на Фејсбук и Инстаграм нема фотографии од сопругот и синовите.

Водителката гостуваше во емисијата „Опуштено со Тони“ на Алфа телевизија и ја искористи оваа прилика првпат јавно да се обрати на сопругот Даре.Содржината продолжува после огласот

Како што откри Снеже, на денот кога се снимала таа емисијата, нејзиниот сопруг славел роденден, па таа пред камери му се обрати и заблагодари.

„-Никогаш не сум му се обратила јавно, и никогаш не сум му заблагодарила јавно. Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на мојот сопруг, којшто 15 години е со мене, и ги трпи сите мои падови, сите мои еуфорични. испади. Сакам да му се заблагодарам затоа што заеднички растевме, сакам да му се заблагодарам затоа што имавме многу конструктивни расправии при коишто станавме и поголеми, и поразбрани, и многу покреативни. А, најмногу од се сакам да му се заблагодарам затоа што ги имаме двајцата прекрасни синови, Ален и Дарин, и се надевам дека ќе си продолжиме уште три пати по 15 години, ако се малце и понатаму, среќен ти роденден“, изјави Снеже.

Инаку. Снеже од бракот има два сина кои исто така не ги експонира јавно.

Потсетуваме, пред да започне пандемијата со коронавирусот Снеже ја водеше емисијата „Вип на еден ден“, а како што истакна моментално прават пауза и кога ќе се стабилизира ситуацијата продолжуваат со емисијата.

Преземено од vistina.com.mk