ТАА ГИ ИМА НАЈГОЛЕМИТЕ УСНИ ВО СВЕТОТ: Ги оперираше 20 пати, а сега сака да има и најголеми ГРАДИ!

24 февруари, 2021
2473899_screenshot-53_ls-s

Андреа Ивановна (23) од Бугарија тврди дека ја добила титулата жена со најголеми усни на светот, но сега сака да стане жена со најголеми гради. Таа е позната на социјалните мрежи по својата опсесија со големината и пластичните операции.

Досега 20 пати инјектирала хијалуронска киселина во усните. Тaa вели дека го прави тоа секогаш кога ќе ги види како се намалуваат. Оваа необична и ексцентрична млада жена потроши многу пари на зголемување на усните, а во моментов нејзините усни се трипати поголеми од просечните и природните усни.

-Сега повеќе ми се допаѓаат усните отколку порано, се чувствувам одлично и среќна сум со нив – изјави Андреа во 2019 година и додаде дека има голема поддршка од нејзините следбеници на Инстаграм.

Таа учи германски јазик, а трансформацијата започна во 2018 година. Таа неодамна ги зголеми градите и сега носи корпа Е. Таа вели дека нема да застане тука и сака уште поголеми гради. Резултатите од операцијата ги покажа на својот Инстаграм профил. Таа поставува многу селфиња со своите нови гради во преден план.

Во Бугарија ја нарекуваат и „Барбика“, а над 70.000 луѓе ја следат на социјалните мрежи.