Тамара Тодевска ѝ направи инстаграм-профил на својата ќерка Хана и веќе има над 3.000 следбеници

8 јануари, 2021
tamara t

Пејачката Тамара Тодевска е една од нашите најуспешни ѕвезди која е навистина активна на социјалните мрежи и со секоја нејзина објава предизвикува лавина коментари и реакции.

Тамара постојано ги радува своите пријатели и обожаватели, споделувајќи интересни моменти од своето секојдневие, професионални ангажмани, блиски пријатели и семејството. Пејачката отсекогаш искрено зборувала за нејзиниот приватен живот и често објавува фотографии и видеа од сопругот и своите две деца.

Instagram

Нејзината ќерка Хана, инстантно ги освои срцата на македонската јавност со нејзината детска искреност и хиперактивност. Таа веќе има „свои обожаватели“ кои велат дека уште од мали нозе се насетуваат талентите за пеење и играње кои ги поседува.

Пред неколку дена пејачката изјави дека поради многуте реакции што постојано ги добива секое споделено видео или фотографија од нејзината ќерка Хана, почнала да размислува да ѝ отвори посебен инстаграм – профил. Па така, пејачката ги праша своите обожаватели што мислат за таа идеја.

Реакциите беа позитивни и повеќето нејзини следбеници „изгласаа“ дека сакаат почесто да ја гледаат Хана. Тамара го исполни и тоа ветување и ѝ отвори посебен инстаграм – профил на својата ќерка насловен „Дневна доза со Хана“.

Се викам Хана, имам 4 години. Многу сакам да играм и да пеам. За соработка обратете ѝ се на мајка ми“, пишува во описот на нејзиниот профил.

Instagram

Хана, за неколку дена собра над 3.000 следбеници на својот профил и веќе активно почна да го „полни“ својот профил со фотографии и видеа.

Текстот е превземен од Slobodenpecat.mk