Тијана за својот роденден безрезервно ви ја подарува својата – „Слепа љубов“ (ВИДЕО)

4 февруари, 2021
Tiana

Тијана Дапчевиќ, која „денот што го чекаме цела година“, во нејзиниот случај 3-ти февруари, го прослави на себе својствен начин. Без роденденска торта и журка, а наместо да добива подароци, роденденот го прослави со нова песна  која таа им ја подари на своите фанови, насловена  „Слепа љубов“.

Автор на музиката е Срѓан Лазиќ, кој заедно со Дејан Ивановиќ го напишале и текстот, додека аранжманот го направил Горан Ковачиќ кој стои и зад миксот и мастерингот на песната која е снимена во студиото „Акорд“.

Видеото за песната го потпишуваат „LCF Media“, а режијата е на тандемот Матија Новаковиќ – Лука Преѓа.

„Еве ја! Новата песна, новиот спот, новиот роденден и по традиција, наместо торта ви подарувам песна – Слепа љубов“ – напиша Тијана на својот Инстаграм во описот на премиерата во етерот на видеото.

Како звучи и изгледа новиот роденденски подарок за публиката на Тијана насловен „Слепа љубов“, проследете во продолжение:

escort - Korsan taksi