Ирена Спировска на „Прв до врв“ без шминка и во спортска комбинација – Покажа дека има тело како тинејџерка (ФОТО)

17 мај, 2021
irena

Изминатиот викенд во Скопје се одржа деветтото издание на настанот „Прв до врз“ кој го организира здружението за спорт и рекреација од Скоипје кое го носи истото име.

До врвот на Водно се случуваа трки во најбрзо искачување, планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, и тим-билдинг трка за компании.

Меѓу учесниците беше и познатата ТВ водителка Ирена Спировска заедно со нејзиниот партнер Душко.

Добро е познато дека нашата водителка е љубител на природата и спортот и постојано ја гледаме во најразлични адреналински тури и манифестации, затоа не е воопшто чудно што беше дел и од овој настан.

Таа од секогаш се грижи за својот изглед, а спортскиот начин на функционирање и го дозволува тоа. Секоја слободна прилика во летниот и пролетниот период сака да го помине во природа, на кампување или истражување на нов предел во државава.

Овој пат со спортската комбинација која ја облече од хеланки и краток топ, без грам шминка на лицето, Ирена покажа дека изгледа подобро од било кога и има тело како на тинејџерка.

Иако е во петтата животна деценија, на Ирена со ваква линија тешко кој би и ги дал годините што ги има, а за изгледот би можеле да и позавидат и многу помлади од неа.

Кога ќе се спојат, спортот, природата и љубовта во пакет, тогаш блескањето на ваквиот изглед и позитивна енергија се неизбжни.

Преземено од skopje24.mk

escort - Korsan taksi