Ирина Шајк објави фотографија на која едвај се гледа нејзината ќерка, но фановите полудеа!

23 април, 2021
irina-shayk-attends-the-2019-met-gala-celebrating-camp-news-photo-1147440784-1560256122

Ирина Шајк имаше мала помош во последната фотосесија. Имено, 35-годишната манекенка сподели фотографија на која позира во Бурбери на Инстаграм, а попатно ги почести фановите со ретка фотографија од нејзината тригодишна ќерка Леа Де Сејн (3). Поточно, на фотографијата може да се забележат само рачиња на девојче која се обидува да го саботира фотографирањето, но и тоа беше доволно за да ги полудат фановите.

„Леле, дали е тоа во аголот вашето бебе? – праша еден фан.

„Совршена семејна фотографија“, коментираше друг.

Шајк откри и дека фотографијата ја направил таткото на Леа, нејзиниот поранешен партнер Бредли Купер. Поранешниот пар не крие дека сепак подеднакво се грижат за својата ќерка и дека нивниот љубовен бродолом не влијаел на поделбата на родителските обврски.

„Никогаш не го разбрав концептот на ко-родителство“, рече Ирина во едно интервју, објаснувајќи дека таа и актерот се еднакви во воспитувањето на Ли: „Кога сум со ќерка ми, јас сум 100 проценти мајка, и кога таа е со тато, тој е стопроцентен нејзин тато “.