Ирина Шајк откри која храна никогаш не ја јаде: „Од тоа секогаш добивам мозолчиња“

16 јануари, 2021
ирина

Манекенката Ирина Шајк, која го освои модниот свет со својата грациозна фигура и егзотична убавина, секако оправдано ја носи титулата една од најубавите жени на светот.

Посебно внимание посветува на нега на кожата на лицето, така што секогаш изгледа свежо, одморено и младешки.

Не мора да користите многу шминка за да изгледате добро. Го обожавам воздушниот коректор што го ставам на критичните точки, под очите и на пределот на брадата, но никогаш не ставам пудра на целото лице. Обожавам и хајлајтери, овој козметички производ навистина може да го истакне лицето.

Денот го започнувам со миење само со вода, додека навечер темелно го чистам лицето. Често менувам производи и сакам да ги испробам. Јас секогаш нанесувам хидратантна крема секој ден, а летото преферирам лесни серуми.

Исто така, обожавам кокосово масло, кое често го користам за нега на кожата, веднаш по туширање на влажна кожа, откри во една пригода и додаде дека редовно нанесува производи на база на УВ на вратот, рацете и лицето и да се држи подалеку од сонцето.

Но, сето тоа паѓа во вода, вели Ирина, ако не јадете квалитетна и здрава храна преку вашата диета. Иако се обидува да јаде здраво, понекогаш не може да одолее на хамбургер или пица. Таа целосно исфрли од исхраната неколку намирници.

– Најважното правило за убава кожа значи и многу вода и соодветна хидратација. Плус, не јадете помфрит и чипс и вашата кожа ќе свети. Сериозно, кога ќе јадам дел од тоа, кожата ми „дивее“ следниот ден. Дефинитивно добивам неколку мозолчиња и со сето тоа, лицето ми изгледа дехидрирано и уморно. Избегнете го тоа и веќе сте на половина пат до убав тен – заклучи таа.

escort - Korsan taksi