ИЗЛАЖАЛА ДЕКА МУ Е ВЕРЕНИЦА: Му провалиле во резиденцијата на принцот Ендру

23 април, 2021
Opera Snapshot_2021-04-23_122000_story.hr

Збунетите чувари во понеделникот ослободија 44-годишна жена, која тврдеше дека е верена со принцот Ендру во неговата официјална резиденција во Виндзор. Имено, како што подоцна рекоа, дотичната дама изгледала толку дотерана и рафинирана што за момент не помислиле дека станува збор за лага.

Жената, за која беше откриено дека е ментално нестабилна, поминала 20 минути талкајќи низ дворот пред да се упати во резиденцијата и да праша еден член на персоналот каде се наоѓа војводата. Еден член на персоналот веднаш сфатил дека станува збор за некаква измама и ја задржал во холот и повикал полиција. Кога пристигнала полицијата, дамата им рекла дека се вика Ајрин Виндзор и дека живее со принцот Ендру.

Во нејзината чанта биле пронајдени мапи на кралската ложа и други живеалишта на кралското семејство, заедно со приврзок за самоодбрана во форма на мачка, кој имал два остри заби. Првично беше уапсена под сомнение дека провалила во приватен имот, но подоцна се покажало дека чуварите навистина ја пуштиле да влезе внатре.

Полициската заштита на принцот Ендру е ограничена од минатата година, како дел од мерките за намалување на трошоците, бидејќи тој се повлече од кралските должности поради скандалот со Џефри Епштајн. Принцот Ендру, кој веќе имаше маки од пријателството со Епштајн, беше обвинет од Американката Вирџинија Џифре, една од жените што ги регрутираше покојниот финансиер, дека ја присилувал на сексуален однос додека била малолетна.

Кога компаниите и организациите со кои работеше постепено се одрекоа од него, Ендру во ноември 2019 година објави дека се повлекува од јавниот живот и повеќе не се појавува во јавноста.

escort - Korsan taksi