ИЗЛЕЗЕ ТИЗЕР ЗА ДОКУМЕНТАРНИОТ ФИЛМ ЗА ЖИВОТОТ НА ТИНА ТАРНЕР (ВИДЕО)

27 февруари, 2021
tina-turner-dokumentarac-1080x686

2021 година започна одлично, барем во филмскиот и телевизискиот свет, а нè очекуваат голем број супер наслови. Откако пред неколку дена излезе долгоочекуваниот контроверзен документарен филм „Allen v. Farrow“ за Вуди Ален и обвинувањата за силување на сопствената ќерка, ќе видиме детално уште еден живот на славна личност. Имено, на 24 март во HBO доаѓа документарниот филм „Tina“, за една од најголемите пејачки на сите времиња, Тина Тарнер.

„TINA“

Филмот детално се занимава со нејзиниот живот, подемите и падовите како приватно така и деловно. Како пејачката се здобила со иконски статус во 1980-тите и како се борела со нејзиниот сопруг насилник 20 години. Овој филм, проткаен со интервјуа и разговори со нејзините најблиски соработници, ќе биде најинтимниот приказ на животот на оваа легендарна пејачка. Бабата на рокенролот, како што ја нарекуваат, ја започна својата кариера во педесеттите години, а сето тоа избувна во раните осумдесетти со култниот албум „Private Dancer“. Погледнете го тизерот за претстојниот документарец: