Израснала во сиромаштија, преживеала силување и смрт на дете, а денес е на покривот на Светот и вреди милијарди

7 март, 2021
Screenshot_1

Денес, една од најбогатите луѓе во Светот, Опра Винфри, го започнала своето патување кон славата и богатството со тешко детство.

Легендарната водителка Опра Винфри (67) деновиве повторно се најде во центарот на вниманието поради бомбастичното интервју со принцот Хари и Меган Маркл чие прикажување со нетрпение се очекува низ целиот Свет.

Иако денес е меѓу најбогатите луѓе на светот и има милијарди долари на својата банкарска сметка, зад себе има тешко детство.

Опра е родена во сиромаштија во рурална област на американската држава Мисисипи. Нејзината мајка Вернита Ли ја родила на 18-годишна возраст по што заминала на работа во Милвоки и ја оставила на бабата Хати Меј Ли да се грижи, која ја тепала

„Одев до бунарот да донесам вода и ја носев во кофа. Баба ми ме виде како играм со прстите во водата низ прозорецот, а не ѝ се допаѓаше тоа. Толку силно ме камшикуваше на грбот што имав модринки кои крвареа“, рече водителката за време на предавање на Државниот универзитет во Бал во 2012 година.

„Тогаш таа се вознемири и затоа што го извалкав неделниот фустан со крв и повторно ме истепа“, додаде таа.

Кога имала само 9 години, ја силувал нејзиниот 19-годишен братучед додека го чувала својот брат Џефри и полусестрата Патриша. Потоа ја однел на сладолед и ја натерал да ја чува нивната тајна.

Опра долго молчела за сексуалното вознемирување кое подоцна го доживеала од семејни пријатели и нејзиниот вујко, а на 13-годишна возраст побегнала од дома.

Кога имала 14 години дознала дека е бремена. Бременоста успеала да ја скрие од своето семејство до седмиот месец. Истиот ден таа му ја соопшти веста на нејзиниот татко Вернон, таа имаше предвремено породување и роди момче кое почина неколку недели подоцна.

Нејзиниот живот се свртел на подобро кога во јануари 1984 година започнала да води ток-шоу на локалната телевизија во Чикаго. Рејтингот вртоглаво се зголемил и таа добила можност за ново ток-шоу, кое се емитувало низ Соединетите држави на 8 септември 1986 година и било наречено „Oprah Show“.

Со текот на годините, таа имала неколку подолги и пократки романси и авантури, но од 1986 година сака само еден човек – Стедман Греам. Двојката е свршена од 1992 година, но никогаш не застанала пред олтарот. Двојката не доби заеднички деца.

Денес таа е несомнено медиумски магнат што луѓето ја обожаваат, особено нејзината публика, која често знаеше да ја награди со вредни подароци. Така позната е епизодата од нејзината емисија во која подели дури 276 нови автомобили.

И се чини дека Опра е уште далеку од пензионирањето бидејќи сега е прва што доби можност да ја изнесе приказната за принцот Хари и Меган Маркл, со што ја потврди титулата кралица на интервјуата.

Интервјуто ќе се емитува исклучиво на СВЅ во недела, 7 март, во вечерните часови, а водителката плати за тоа од 7 до 9 милиони долари.

escort - Korsan taksi