„Ја гушнав и гушката сè уште трае“: Игор Џамбазов со порака за годишнината со Илина Арсова

4 мај, 2021
igor i ilina

Игор Џамбазов и Илина Арсова слават една година од почетокот на нивната љубовна врска.

Македонскиот шоумен на Instagram објави порака по повод годишнината од денот кога за првпат ја прегрнал својата сакана.

Прочитајте ја пораката:

Лани, на овој ден, после две недели дружење и запознавање, ме врати со колата до Сретеново, ја изгаси машината, се заврте кон мене и ми кажа: „А бе ти, имаш намера да ме гушнеш некогаш?“ Излеговме од „Ланусот“ и ја гушнав. Гушката сè уште трае…

Откако се запознаа, Игор и Илина се речиси неразделни. Тие постојано споделуваат заеднички фотографии.

Преземено од femina.mk