ЈА МЕНУВА ПРОФЕСИЈАТА, АКТЕРСТВОТО ЌЕ ПОЧЕКА МАЛКУ Џенифер Анистон започнува свој бизнис, фановите се воодушевени, еве за што се работи

7 септември, 2021
Screenshot_1

Чудо што порано не се сетила на ова

Актерката Џенифер Анистон, додека чекаше да се врати во светот на актерството поради пандемијата на корона вирусот, работеше на нешто ново.

Имено, таа одлучи да се обиде да лансира свој козметички бренд, а своите следбеници ги информираше за сѐ на социјалните мрежи.

– Доаѓа нешто ново – напиша таа под објавата на Instagram, која веднаш предизвика лавина коментари, а нејзините следбеници веднаш почнаа да погодуваат за што точно станува збор. Овој пост за кратко време доби повеќе од 1,5 милиони прегледи.

Иако не откри за каков вид и за кои производи станува збор, таа го откри името на брендот – „LolaVie“.

Актерката лансираше и парфем наречен „LolaVie“ во 2010 година, но на крајот се премисли и го смени името во „ Jennifer Aniston “ бидејќи имаше конфликти со сличен бренд.

Да потсетиме, козметичката индустрија не е непозната област за Анистон, бидејќи со години е заштитно лице на брендот Aveedo, како и многу други компании за убавина.

Анистон сигурно ќе има голема конкуренција, бидејќи оваа година козметичките линии треба да ги лансираат Хејли Бибер и Аријана Гранде, додека Ким Кардашијан ќе ја претстави линијата производи за тело.