Ја обвини Меган дека лаже, ОСТАНА БЕЗ РАБОТА, а сега добива смртни закани: Тие се заколнаа дека ќе ме убијат пред моите три сина!

29 март, 2021
ххх

Поранешниот британски водител Пирс Морган тврди дека тој и неговите синови добиваат смртни закани откако ја обвини Меган Маркл дека лажела за време на интервјуто со Опра Винфри.

„Моите тројца синови ми рекоа дека се исто така мета и ми испратија снимки од закани на насилство упатени кон нив“, изјави поранешниот домаќин за „Мејл во неделата“.

„Пораката што ја добија моите синови е: Кога татко ти ќе умре, светот ќе организира забава“, тврди Морган.

„Еден вети дека ќе ме убие пред неговите синови Спенсер, Алберт и Стенли“, додаде поранешниот водител.

Лондонската полиција за „Индипендент“ потврди дека ги истражува заканите.

Поранешниот уредник нагласува дека неговите синови не се грижат за Меган Маркл и не го делат неговото мислење за војвотката за Сасекс.

Морган призна дека му е жал што ја напушти тогашната емисија „Добро утро Британија“ за време на расправија околу интервјуто со Меган и Хари.

Pirs Morgan

„Добро размислив, не требаше да го сторам тоа“, напиша Морган.

Сепак, тој додаде дека услов да остане на позицијата водител на шоуто е да и се извини на Меган, што не сакаше да го стори.

„Па, не сакав да и се извинам на Меган Маркл, бидејќи е вистина дека не и верувам“, напиша Морган.

“Во слободно, демократско општество, треба да се дозволи да не се верува. Дали е тоа самата суштина на слободата на говорот? Ако кажам сега дека и верувам на Меган, ќе ја лажам публиката. “