Јелена Јованова ве охрабрува да проговорите за… „Работи за кои не зборуваме“, зашто можеби токму од вашата приказна ќе произлезе драмски бестселер!?

9 април, 2021
јелена јованова

 

Последнава година и нешто повеќе ја живееме „ненормално“. Колку и да се убедуваме себеси дека ова е „новото нормално“, со појавата на коронавирусот кој го зароби светот, се урна оној нашиот свет, секојдневието кое со полни гради досега го живеевме. Откако светот се смени,  живееме во страв, неизвеснот,  дишеме на шкрги,  полни со гнев, незадоволство, анксиозност, депресија, очај… И така со месеци и денови, потиснувајќи ги во себе своите емоции, гушејќи ги најсветите чувства, освен оние кои тешко ги совладуваме: стравот, неизвесноста, горчината, немоќта да ги промениме работите…

Но постојат луѓе кои ваквите чувства ги осетиле многу порано, многу пред сите колективно да не погодат, само на поинаков начин, од поразлични причини. Лични трауми, со  скриени лузни на душата, потиснати некаде длабоко во себе, кои оставаат вечно обележје кое влијае на личноста, на нејзиниот развој, емоцинален живот, чувството за емпатија, љубов, блискост… Личен хорор кој многумина го доживеале, а последиците од него цел живот ги чувствуваат, плашејќи се за тоа да проговорат, зашто живееме во средина во која се плашиме или срамиме гласно да го испуштиме круикот на тишината за работите што ни ја парчосуваат и душата и срцето и умот… „Работи за кои не зборуваме“.

Можеби поттикнати од последните примери на сексуално злоставените актерки од нивни колеги и професори во соседна Србија беше иницајалната каписла, окинувачот кој ја активираше свеста, да се отвори и умот и душата и гласно да се проговори за траумите што вечно се кријат и потиснуваат… И не само таквите, туку и сите други, од најразлична природа. Од сексуалното злоставување, семејното насилство, емотивните уцени, политичката тортура, работниот мобинг… Секакво насилство… Врз телото и умот, душата и срцето!

Инспирирани од ваквите состојби кои со години ссе криеле под тепих, група македонски актери и еден независен театар од Скопје дојдоа до необична идеја: од личните искуства на луѓето да направат театарска претстава! Животните драми на поединци да ги преточат во театарска драматургија што ќе ја реализираат на штиците што на актерите живот им значат.

Имено, познатата македонска актерка Јелена Јованова – Периќ или популарната Јелена од Драчево позната од ТВ ситкомот „Преспав“ јавно ги повика на својот Инстаграм профил сите оние кои имаат некакво „горчливо искуство“ кое го носта и кријат во себ, или за него знаат само малкумина, јавно да го раскажат, односно да ја споделат својата приказна на линкот на независниот скопски арт театар „Вондерленд“ ( Wonderland Theatre) основан во 20210 година од режисерката Нела Витошевиќ.

„Болка, траума, срам, осуденост, злоупотреба, безизлез, параноја, несоница, неприфатеност, лажна насмевка, крварење, изгубен апетит, брзо возење, тресење под јорган, голтање апчиња, повраќање во шолја, зјапање во празно, плачење под наочари, бегство, триење под туш, губење здив, заглавеност во момент од животот…

Дали имате некоја приказна која ви тежи и ве прогонува, а сѐ уште не сте собрале храброст да ја раскажете?

„Wonderland Theatre” започнува со подготовки на нова претстава „Работи за кои не зборуваме“, базирана на наши и ваши лични искуства кои сме ги потиснувале во себе и не сме имале храброст да ги споделиме. Вашите сведоштва/приказни ќе бидат инспирација за нашата театарска претстава, а анонимноста ќе ви биде зачувана. Театарот нѐ тера да погледнеме длабоко во себе и да го соочиме општеството со неговата искривена слика.

Преку претставата сакаме да им дадеме глас и лице на работите за кои не зборуваме и да мотивираме разговор и промена во општеството. Секоја приказна заслужува да биде раскажана, секоја стега отклучена и секоја неправда посочена.

*СПОДЕЛЕТЕ ЈА ВАШАТА ПРИКАЗНА НА СЛЕДНИОТ ЛИНК: https://www.wonderlandtheatre.org/raboti-za-koi-ne-zboruvame

Охрабрувајќи да ги споделат своите трауматични животни искуства, своите мачни животни приказни кои им тежат и ги прогонуваат и Јелена Јованова и арт театарот „Вондерленд“ ги повикаа обичните луѓе да ја „отворат душата“  и да ја исплукаат горчината на апсурдот длабоко вгнезден во нив, кој цел живот ги мачи, не по нивна вина!

Претставата ќе биде во режија на Нела Витошевиќ, а проектот е финансиран од Швајцарската амбасада во Македонија, со поддршка од Министерство за култура, во соработка со Македонски народен театар.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi