Јована Стојменовиќ како Заев и Филипче: Водителката на адреналинска (аван)тура на четири тркала во природа (ФОТО)

10 јуни, 2021
jovana

Јована Стојменовиќ е едно од лицата со кое се будат гледачите на ТВ Сител, гледајќи ја 15 години во утринската програма „Ја сакам Македонија“. Секогаш одмерена, убаво стокмена, насмеана,  ТВ водителка која шармира со својата појава и говор,  јазикот и дикцијата, говрејќи течно, разбирливо, правилно, македонски…

Дали и колку ги следи  останатите правила во животот, за Јована многу малку се знае, зашто водителкатаприватноста јакрие како „змија нозете“, со години наназад чувајќи ја настрана од јавноста. Она што е познато дека бивша манекенка и мисица, уредник на магазинот  „Убавина и здравје“ и  добра другарка на Лила Филиповска, за која велат дека своевремено и ја донела пред камерите во ТВ Сител.

Како и тоа дека Јована се’ уште е мома, иако исто како да не е, зашто е во долга, речиси маратонска врска, па заедничкиот живот со партнерот само формално не е официјализиран пред државата и Бога.

Јована како и секој од нас има свои пасии, хобија, навики… а меѓу останатотот, очигледно и потреба за престој во природа, зачинет со доза на адреналин. Некои ваквата потреба сии ја задоволуваат со планинарење качувајќи се по карпи, други летајќи со палаглајдери, или нешто слично, а Јована… Таа покажа дека има исти пориви од тој тип како и Зоран Заев и Венко Филипче… Па водителката своето адреналинско празнење го доживеа на четири тркала во природа!

Имено, Јована и дел од екипата од магазинот за кој работи и го уредува, како вистински трагачи по возбуди тргна во авантура, возејќи планинска тура на мотор со четири тркала или попознат како мото четирицикл. Токму како и премиерот и министерот за здравство.

Искуството на водителката единствено и незаборавно… Така барем самата се пофали и го препорача, меѓудругото и за тимбилдинг, иако како што вели, тие не „билдале“, само се возеле… и уживале!

„Качи се моме на коња…“ – се пееше во една стара македонска изворна песна, а денес  остана само навиката и поривот… нешто да се јава! Времињата очигледно се променија, па и министрите и „невестите“ коњот го заменија со „многу коњи“ за јавање во природа што ги содржи современиот, модерен артикл, наречен мото – четирицикл!

За тимбилдинг, себе билдинг или чисто адреналинско уживање за сите пари… Ако ги имаш…  доволно!

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi