Каде е и што прави Алиса Милано? Како денес изгледа популарната вештерка Фиби од серијата „Charmed“

23 септември, 2021
USA - VH1 Trailblazer Honors - Los Angeles

Актерката Алиса Милано (48) одамна не сме ја виделе на малите екрани, па се прашувавме каде и што прави „популарната вештерка“.

Алиса ја знаеме како Фиби, чија улога ја имаше во серијата „Charmed“, во која играше од 1998 до 2006 година во дури осум сезони.

Актерката е родена во Њујорк во американско-италијански брак. За првпат се појавува на филмското платно рамо до рамо со популарниот Арнолд Шварценегер во филмот „Командоси“. Сепак, улогата на Фиби и донесе светска слава.

Алис е во среќен брак со Дејв Буглијари од 2009 година. Тие имаат ќерка Елизабета и син Мило.

Актерката долго беше бринета и варираше со должина на коса, па долго време ја носеше сега многу популарната фризура пикси. Сега гледаме дека Алиса ја смени бојата на косата и се претвори во плавуша.

Актерката беше фотографирана во Лос Анџелес со сопругот за време на секојдневните активности.

escort - Korsan taksi